Во пресрет на утрешниот состанок во Брисел помеѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти, во јужниот дел на Косовска Митровица се одржа протест против формирањето Заедница на српски општини (ЗСО) што е едно од клучните барања на Белград.
Косовските медиуми јавуваат дека протестот го организиран поранешниот градоначалник на Јужна Митровица, Агим Бахтири.
Протестот против ЗСО, Бахтири го најави пред два дена на Фејсбук со повик до граѓаните да се соберат и да покажат „стоечки отпор“ за заштита на територијата на Косово.
Тој денеска по завршувањето на протестот, јавува „Нова.рс“, повторно се огласи на Фејсбук и се заблагодари на одзивот. Вели дека пораката што ја испратиле била „јасна и точна“.
-Не сакаме заедница која од нас ќе направи Босна. Република Косово е независна, суверена и демократска држава и секогаш ќе биде така,порачува Бахтири
На утрешниот состанок во Брисел, се очекува на маса да биде европскиот план, познат во јавноста и како француско-германски предлог, за нормализација на односите помеѓу Белград и Приштина.