Во Скопје времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со слаб до умерен јужен ветер. Температурата ќе биде до 16 Целзиусови степени
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а локално врнежите ќе бидат поројни проследени со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Наутро температурата ќе биде од 4 до 10, а во текот на денот од 8 до 18 Целзиусови степени.
Во Скопје времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со слаб до умерен јужен ветер. Температурата ќе биде до 16 Целзиусови степени.
Утре времето ќе биде претежно облачно, а попладне ќе има врнежи од дожд, кои на некои места ќе бидат пообилни. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурата утре ќе биде од 0 до 16 Целзиусови степени. Во Скопје и утре времето ќе биде променливо облачно, а попладне со врнежи од дожд.