Порталот индекс.мк преку кој Артан Груби се пресметува со своите неистомисленици, дури и малите пилиња знаат дека е под негова контрола. Овој пара медиум на почетокот беше регистриран на име Артан Груби и е прв сопственик на сајтот, а тоа лесно може секој да го провери.
На тој начин Артан Груби сака да го покрие скандалот во кој неговиот брат се стекна со деловен простор, по 5 пати пониска цена од реалната. По само 700 евра квадрат, тој стекна имот во најстрогиот центар на градот, кој вреди 5 пати повеќе.
Згора на тоа директорката на бирото за метрологија, која го овозможи сето ова поседува скриен имот хациенда на Попова Шапка, а е позната по тоа што набави комбе од 600 илјади евра, кое не вреди ниту 100 илјади.
Артан Груби, треба да престане да ја замајува јавноста, преку измислени приказни и да одговори, која е причината за ниската цена на дуќанот, кој неговиот брат го купил за 5 пати поевтино од нормалната.
Дали се се работи за плаќање во кеш, за да се избегне потеклото на парите или пак за некое ветување за стекнување на друга корист?
Артан Груби да престане да прави притисок во основното јавно обвинителство да не се отвора случај за овој скандал. Тоа значи дека Груби е исплашен и знае дека ќе одговара. Груби ја има истата матрица како и Димитар Ковачевски. Криминалот на овие луѓе им е основна професија.