СДСМ преку одговорни, ефикасни и навремени економски политики и предвреме ги остварува ветувањата дадени пред граѓаните.
Минималната плата од наредниот месец се зголемува за над 2.000 денари на 20.175 денари.
Со ова една и пол година предвреме, СДСМ го оствари ветувањето дадено пред граѓаните во 2020 година за минимална плата од 20.000 денари до крајот на мандатот.
Претходно, исто така на година и половина од крајот на мандатот, реализирано е уште едно клучно ветување, за просечна плата од 34.000 денари.
28 месеци од почетокот на мандатот на оваа Влада, во декември 2022 година, просечната плата се искачи на 34.364 денари.
Ветувањата за минимална плата над 20.000 денари и просечна плата над 34.000 денари се остварени во време на економска, енергетската и постковид криза.