Дијалог во Брисел: Претставниците на ЕУ прво со Курти, па со Вучиќ

Во денешниот дијалог меѓу Белград и Приштина, чиј почеток е закажан за 15 часот во Брисел, првата планирана билатерална средба на претставниците на ЕУ е со косовскиот премиер, Албин Курти, а потоа околу 16:15 часот со претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Билатералните средби со лидерите се очекува да траат по еден час, а потоа Вучиќ и Курти треба да се сретнат со шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел и специјалниот претставник Мирослав Лајчак.

Според планот, доколку нема договор меѓу Вучиќ и Курти, повторно ќе се одржат билатерални средби на лидерите за европските претставници.

Вучиќ рече дека очекува многу тешка средба, но оти Србија е посветена на мирот и стабилноста во регионот и во тој контекст е подготвена да работи на концептот и спроведувањето на предложениот план, со јасно дефинирани ограничувања.

Треба да знаете
Последни објави