Поранешната светска тенисерка број 1, Аранча Санчез Викарио смета дека не била претставена во најдобро светло во филмот „Кралот Ричард“, биографскиот филм за животот на сестрите Серена и Венус Вилијамс, иако и се допаѓа „епската“ приказна.
Филмот за кој Вил Смит доби Оскар, всушност повеќе е приказна за Ричард Вилијамс, таткото на тенисерките, а во една сцена во филмот се претставува мечот на 14-годишната Венус против Санчез Викарио во Сан Хозе. Венус го контролираше мечот и имаше предност од сет и 3:1 водство во вториот, пред Шпанката наводно да побара паузаз за тоалет и потоа да направи пресврт во мечот.
Зборувајќи за шпанското радио „Ел ларгуеро“, Санчез Викарио смета дека тоа е „целосна невистина“.
„Тој момент во кој ме претставија како многу лоша личност, и наводно губам со 2:6/1:3 е сосема неточен. Колку што се сеќавам, јас водев. Невозможно е да заминам од теренот на 1:3, бидејќи во тенисот се прават паузи на непарни гемови. Паузата за тоалет е ограничена и ако ја прекршев ќе добиев казна. Но, така добиваат на значење во филмот, сакаат да бидат релевантни. Јас имав фантастична кариера, никој не ми го подари успехот, така што не сфаќам зошто мораше да биде така. Но, ќе го препорачам филмот бидејќи зборува за жртвувањето на секој спортист“, вели Санчез Викарио.
Таа одигра 16 меча во сингл против сестрите – 9 против Венус и 7 против Серена. Со Венус имаше негативен 3-6 скор, победувајќи во првите два меча, додека против Серена заврши со 4-3 скор.
???????????? Arantxa Sánchez Vicario, leyenda del tenis, habla de su papel en ‘El método Williams’
????”El papel de mala malísima es totalmente incierto. Forma parte del argumento que se inventaron”
????⚖️ “Lo he consultado con mis asesores y no hay caso, solo le daría más publicidad” pic.twitter.com/cfyRlUQhn2
— El Larguero (@ellarguero) April 7, 2022