Познатиот британски бенд „Пинк флојд“, по 30 години, објави нова песна во знак на солидарност со Украина.
Со песната „Еј, еј издигни“ бендот сака да испрати порака за солидарност со народот на Украина, напишаа музичарите на својот твитер-канал.
Песната излезе денес, а „Пинк флојд“ ја направи со пеење на украинскиот пејач Андриј Хливнјук.
Ова е прва нова песна „Пинк флојд“ од 1994 година кога ја објавија песната The Division Bell.
Новата песна е и од хуманитарен карактер бидејќи парите од продажбата ќе бидат наменети за хуманитарни активности во Украина, соопштија од бендот.
„Како и многу други, и музичарите на ‘Пинк флојд’ чувствуваат гнев и фрустрација поради руската инвазија на Украина“, соопштија од бендот.
„Пинк флојд“ е инспириран од пеењето на Кливњук на плоштадот Софија во Киев, снимка што ја објави на социјалните мрежи.
Имено, украинскиот пејач, кој е член на бендот „Бумбокс“, ја откажа светската турнеја поради војната во Украина и ѝ се приклучи на украинската војска во одбрана на земјата.
Фронтменот на „Пинк флојд“, Дејвид Гилмур, чија снаа е Украинка, изјави дека бил трогнат од видеото на Кливњук.
Изјавил дека од украинскиот пејач, кој е во болница поради повреда од граната, побарал да ја чуе песната и од него добил одобрение да ја објави.
3/3 All proceeds from the song will go to Ukrainian Humanitarian Relief. https://t.co/i1l92D3AYU
— Pink Floyd (@pinkfloyd) April 7, 2022