Неидентификувана жена ја повлече граѓанската тужба што ја поднесе против Снуп Дог во која го обвини американскиот рапер за сексуален напад откако присуствувала на еден од неговите концерти во 2013 година.
Тужбата беше повлечена во средата, речиси два месеци откако беше поднесена во централниот округ на Калифорнија и неколку дена пред Снуп Дог, чие вистинско име е Калвин Бродус, да настапи на полувремето на „Супербоул“ во февруари.
Во судските документи жената беше именувана како Џејн До и опишана како танчерка, модел, водител и актерка која работела со Снуп Дог. Музичарот, сепак, тврдеше дека жената никогаш не работела за него.
Доброволното повлекување на тужбата, исто така, ги отстранува наводите против сите други страни наведени во тужбата, вклучително и деловниот ентитет на Снуп Дог.