Министерката Петровска во официјална посета на Чешката Република Делегација од Министерството за одбрана предводена од министерката за одбрана Славјанка Петровска денес ќе престојува во официјална посета на Чешката Република.
За време на посетата министерката Петровска најнапред ќе оствари средба со нејзината колешка, министерката за одбрана Јана Чернохова, во Чешкото Министерство за одбрана каде ќе се реализираат билатерални разговори меѓу двете делегации.
По ова министерката Петровска ќе оствари средба со Претседателот на парламентарниот Комитет за одбрана на Чешка, Лубомир Метнар. Во текот на денот, министерката Петровска ќе го посети Воздухопловниот ремонтен завод ЛОМ, каде во следниот период ќе бидат ремонтирани армиските транспортни хеликоптери врз основ на договорот Влада со Влада склучен во декември 2022 година.