Елон Маск си ја врати титулата најбогат човек во светот

Елон Маск повторно е на врвот на листата на „Блумберг“ на најбогати луѓе во светот.

Извршниот директор на „Тесла“ беше соборен од првото место од Бернар Арно, челникот на конгломератот на француските луксузни брендови LVMH, минатиот декември, па Маск беше бр.2 на листата повеќе од два месеци.

Од понеделник, растот на акциите на „Тесла“ го врати Маск на врвот на индексот на милијардери во реално време, пренесува „Си-ен-ен“.

Нето богатството на Маск беше околу 187.1 милијарди долари по затворањето на пазарот во понеделникот, според „Блумберг“, надминувајќи го богатството на Арно од 185.3 милијарди долари.

Акциите на „Тесла“ забележаа драстичен пад минатата година поради проблематичното купување на „Твитер“ од страна на Маск и поширокиот пад на пазарот на технологија, но оттогаш вредноста на акциите на производителот на електрични возила расте.

Маск ја носи титулата најбогат човек во светот, но исто така го држи и рекордот за најголемо богатство што некој го изгубил во историјата.

На крајот на минатата година, Маск стана првиот човек кој загуби 200 милијарди долари, откако неговото нето богатство падна од околу 340 милијарди долари во ноември 2021 година на 137 милијарди долари во декември 2022 година.

Треба да знаете
Последни објави