Принцот Филип почина во април 2021 година, на 99-годишна возраст. Комеморацијата беше организирана годинава бидејќи не можеше да се одржи во април минатата година поради состојбата со корона вирусот.
Ова беше првиот важен настан на кој присуствуваше и кралицата Елизабета оваа година.
Сепак, она што предизвика големо внимание е тоа што принцот Хари и Меган Маркл не присуствуваа на комеморацијата.
Хари беше единствениот постар член на кралското семејство кој не присуствуваше на богослужбата.
Говорејќи на својот канал на Јутјуб, таткото на Меган, Томас Маркл, коментираше негативно на ова кога му рече на водителот Карл Ларсен:
– Тоа што не се појавија беше како шлаканица за кралицата. Беше непростливо. Не знам која беше причината, но нема оправдување – рекол Томас Маркл, пренесува „The Sun“.