Германскиот амбасадор Граф му честита на Таравари за влезот на АА во Владата – Оптимизам за уставни измени

Претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, денеска го пречека на средба вршителот на должноста амбасадор на Сојузна Република Германија во Скопје, Ото Граф.

На средбата двајцата соговорници разговарале за важноста на странските инвестиции во градот Гостивар, како и нивниот континуиран раст.

“Ја истакнав вредноста од соработката во досегашните проекти во Гостивар на германската амбасада и му се заблагодарив на амбасадорот за покажаниот интерес за развивање на нови иницијативи. Го информирав г. Граф и со приоритетните проекти за Гостивар кои треба да се реализираат во наредниот период и со оние што досега ги имплементиравме, особено во училиштата и во областа на спортот”, истакна Арбен Таравари.

На средбата се разговараше и за политичката ситуација во земјата, поточно за неопходните уставни измени кои ќе го отворат европскиот пат за Северна Македонија, а беше истакнато и дека уставните измени ќе се случат, додека амбасадорот Ото Граф му честиташе на претседателот, Арбен Таравари за влезот на АА во Владата.

Треба да знаете
Последни објави