„Гробари“ со навреди против „Комити“ и Македонија

Вардар 1961 претрпе пораз од Партизан во Белград со 22-28 во меч од СЕХА-лигата, кој мина во знакот на националистичките скандирања на српските навивачи.

Навивачите на Партизан имаа грчко знаме, пееја навивачки песни на солунскиот ПАОК, скандираа: „Јужна Србија, никогаш Македонија“, а извадија и транспарент на кој пишуваше дека Комити е српско име и дека славеле „бугарски“ војник (се мисли на Гоце Делчев).

„Група со српско име, бугарски војник слави, мора да е тешко со таа криза на идентитет во главата“ напишаа „Гробарите“

На ова возвратија македонските навивачи Комити со порака: „Живо ви е кралството, колку и другарството“.

И во минатото на натпревари каде присуствувале „Гробарите“ имало слични инциденти.

Треба да знаете
Последни објави