Прајс: САД ги поздравуваат разговорите меѓу Белград и Приштина во Брисел

Портпаролот на Стејт департментот, Нед Прајс, синоќа изјави дека САД ги поздравуваат разговорите во Брисел како дел од дијалогот меѓу Белград и Приштина со поддршка на Европската унија, одржани на 27 февруарии и силно го поддржуваат процесот на нормализација на односите меѓу двете страни.

Прајс посочи дека напредокот кон формирањето на Заедницата на српските општини е сè уште клучен за градење на иднината на Косово „како суверена, мултиетничка и независна земја интегрирана во евроатлантските структури“.

Тој оцени дека договорот за анексот за имплементација е суштински за нормализација во согласност со предлогот на ЕУ.

Прајс додаде дека средбата во Брисел била добар чекор напред, но дека останува уште многу напорна работа. 

Треба да знаете
Последни објави