Јагуар зазеде две места во гаража и доби специјален подарок и порака

На Фејсбук страницата „Паркирам како идиот“ се појави фотографија на која се гледа неправилно паркиран Јагуар со порака што некој ја оставил на автомобилот кој зазема две места во гаражата.

Покрај пораката напишана рачно на голем лист, закачен е и посебен „подарок“. Автомобилот е со регистарски таблички од Загреб.

“Ве молам, не се множете додека не научите да паркирате. Следниот пат ќе ги дупнам сите четири гуми. Ви благодариме за полуобразованието”, му напишал некој, оставајќи кондом до листот закачен на прозорецот.

Потегот на минувачот воодушеви некои корисници на Фејсбук, но други застанаа во одбрана на возачот.

Треба да знаете
Последни објави