Режисерот на филмот „Триаголник на тагата“ е претседател на жирито на Канскиот фестивал

Шведскиот режисер Рубен Остлунд, двократен добитник на „Златна палма“ на меѓународниот филмски фестивал во Кан, е назначен за претседател на овогодинешното жири.

Добивај вести на вибер

„Среќен сум, горд и понизен што ми е доверена честа на претседател на жирито за овогодинешното натпреварување на филмскиот фестивал во Кан“, рече Остлунд.

Филмот на овој режисер, Triangle of Sorrows, добитник на минатогодишната „Златна палма“ за најдобар филм, ги истражува поимите за убавина и привилегија – приказна за две манекенки на луксузно крстарење, остануваат засукани на пуст остров со неколку вработени и милијардери гости.

Остлунд освои награда и во 2017 година, за филмот „Квадрат“, сатира за светот на уметноста.

Фестивалот во Кан се врати во традиционалниот календар минатата година по неколку години прекин поради пандемијата. Фестивалот оваа година ќе се одржи од 16 до 27 мај.

Треба да знаете
Последни објави