Синот на поранешниот претседател Ѓорге Иванов, Иван Иванов, пред еден месец се ожени со Јана, откако во октомври минатата година се верија. А, сега семејствата Иванов и Кочов имаат уште една причина за среќа. Иван и неговата сопруга станаа родители.
Заљубениот пар доби син, а радосната вест на социјалните мрежи ја споделија и двајцата родители и нивното семејство. Таткото на сопругата Јана, Атанас ја објави радосната вест на неговиот профил.