19 годишно момче решило да ја сподели приказната со која го променил сопствениот и животот на неговото семејство. Тој за неговиот 19-ти роденден решил да си купи ДНК тест бидејќи станале прилично популарни и голем број негови пријатели и роднини си направиле ист таков.
Бидејќи бил многу близок со неговиот татко решил со него да го направи тестот, а претходно неговата прва братучетка го направила истиот тест со него. Еве што се случило со неговиот живот и семејство:
„Ние гледавме како сите лудуваат по онлајн ДНК тестовите, така што јас и татко ми решивме да си направиме еден и јас порачав 2 од 23andme. Ги добивме резултатите пред неколку дена и јас земав да ги проверам. На врвот пишуваше дека со татко ми споделувам само 29,2% ДНК и според предвидувањето тој беше ставен во групата дека ми е полу-брат, што е невозможно. Ова немаше смисла за мене, бидејќи ние имаме иста крвна група, а исто така и си личиме еден на друг и јас бев дефинитивно сигурен дека тој ми е татко. Мојата братучетка го направи истиот тест пред некое време и таа споделуваше 24,6% ДНК со мене и исто така пишуваше дека сум ѝ полу-брат. Ние би требале да споделуваме околу 12% бидејќи сме први братучеди.“
„Не можев да размислам за генетска врска што би објаснила тоа што гледам и имав сомневања во точноста на процентите, па затоа се обратив во 23andme, но тие ми кажаа дека процентите се целосно точни и дека нема грешка. Единственото логично објаснување беше дека мојот чичко, братот на мојот татко ми е всушност биолошки татко. Реалноста ме удри во лицето како летачка кеса со цигли. Сите точки беа составени и почувствував чувство на загуба. Седев во мојата соба околу еден час во шок, а потоа чувството на гнев ме обзеде. Ми требаа некои еб*ни одговори.“
„Без да размислувам истрчав од собата и се соочив со мајка ми долу. Мајка ми е деловна жена и честопати оди на службени патувања. Таа не знаеше дека јас и татко ми направивме ваков тест бидејќи беше на пат и само што се врати. Мајка ми и јас никогаш не сме имале ‘традиционална’ врска. Таа секогаш беше фокусирана на нејзината работа и татко ми ме одгледа.“
„Веднаш ја прашав дали го изневерила татко ми со чичко Давид. Никогаш не сум видел некој толку брзо да изгуби боја од лицето. Таа изгледаше шреплашена и тогаш промрморе ‘Какво е тоа прашање? Секако дека не!’. Потоа и раскажав за сѐ, за тестот, за процентите, за ДНК! Мајка ми падна на земја плачејќи, молејќи ме да не му кажам на тато.“
„Ја оставив таму и се вратив во мојата соба. Се јавив на мојата братучетка (сега полу-сестра) и ѝ раскажав сѐ. Таа не можеше да зборува бидејќи врескаше. Тато (сега чичко ми) дојде дома и влезе во мојата собра прашувајќи ме што не е во ред со мајка ми. Му раскажав и нему сѐ. Откако се смири не реќе ништо. Излезе од мојата соба, а јас се заклучив внатре.“
„Во наредните неколку часа, слушнав како целото мое семејство се распаѓа пред мојата врата. Моите родители влегоа во жестока расправија и моите баби и дедовци дојдоа за да видат што се случува. Давид и неговата жена дојдоа набрзо и слушнав како татко ми и Давид влегоа во некаква физичка пресметка. Целосен хаос.“
„Се чувствувам како гомно. Знам дека јас не сум виновен, но се чувствувам дека сѐ се случи поради мене. Доколку ги потрошив парите од роденденот за нешто друго ова немаше да се случи, но од друга страна мило ми е што дознав. Преплашен сум да излезам надвор. Јас дури и не знам што е исходот. Единствениот звук што го слушам во куќата сега е повремено липање на мојата мајка.“
„Заклучок: Мајка ми и чичко ми, додека и двајцата имале сопружници, се е*еле, ме направиле мене и не кажале никому. Јас направив ДНК тест 19 години подоцна и целата лага падна во вода. Се заклучав во мојата соба и прилично сум сигурен дека моето семејство престана да постои надвор.“