(Видео) Фил Колинс на проштален концерт: Ќе морам да најдам нова работа

Британскиот пејач и тапанар Фил Колинс (71) во неделата во Лондон го одржа својот последен концерт за музичко збогување со публиката.

Популарниот музичар настапи со Мајк Радерфорд и Тони Бенкс, колеги од бендот „Џенезис“.

Изнемоштениот Колинс го помина целиот настап седејќи на стол. Збогувањето со публиката беше емотивно, но и духовито, во еден момент додаде дека по музичкото пензионирање ќе мора да бара друга работа.

Концертот се одржа во рамките на турнејата The Last Domino, која е закажана по пауза од 14 години.

Бендот Genesis е основан во 1967 година, а светската слава ја стекна во 1970-тите. Но, Колинс имаше и завидна соло кариера во 1980-тите и 1990-тите.

Некои од неговите најпознати песни се In the Air Tonight, One More Night, Another Day in Paradise и Do You Remember, и, секако, Against all Odds.

Фил Колинс – Against all Odds („Лајф еид“ 1985 година)

Треба да знаете
Последни објави