Суеверие: Џесика Честејн никогаш не допрела „Оскар“ пред да го освои својот

Џесика Честејн не ја допрела златната статуетка на Еди Редмејн затоа што „се чувствувала суеверна“.

Ѕвездата на „Очите на Тами Феј“ тврди дека нејзиниот „Оскар“ е првиот што го допрела, и откри дека одбила да ја држи во раце златната статуетка на нејзиниот пријател, Британецот Еди Редмејн, кој во 2015 година доби „Оскар“ за најдобар актер во главна улога – за брилијантното портретирање на астрофизичарот Стивен Хокинг во „Теоријата на сè“ ( Тhe Theory of Everything).

Зборувајќи на прес-конференција по нејзината победа за најдобра актерка („Очите на Тами Феј“) во неделата вечерта, 45-годишната актерка рече: „Сè уште не можам да сфатам дека држам Оскар во рацете. Ова е првпат да ја држам оваа награда. Јас сум пријател со Еди Редмејн и бев во неговата куќа во Лондон. Присутните ми велеа: ова е неговиот Оскар. И сите го зедоа, а јас бев како: не можам. Ти држи го! Се чувствував суеверно.“

„Значи, ова е првпат. Не размислував каде ќе го чувам, но сигурно ќе го почитувам каде и да е“, им рече таа на новинарите.

Треба да знаете
Последни објави