Излезе втората сезона на „Бриџертон“ и многу луѓе во светот одлучија да ги изгледаат сите епизоди наеднаш. Продолжението на најжешката и една од најгледаните серии на „Нетфликс“ на сите времиња трпеливо го очекуваа и фановите и критичарите, а вториот дел од приказната за семејството Бриџертон донесе нови ѕвезди на малите екрани.
Најсјајна меѓу нив, дефинитивно, е 26-годишната британска актерка Симон Ешли, која во новата сезона ја портретира Кејт Шарма, Индијка што ќе се најде во возбудлива љубовна приказна со виконтот Ентони Бриџертон.
Симон Ешли преку ноќ стана ѕвезда, а социјалните мрежи се поплавени со коментари за неа и нејзината улога во популарната серија на „Нетфликс“.
На „Твитер“ се појавија низа фотографии од британската актерка и сцени од серијата, а многумина открија дека поминале десет часа гледајќи ја целата серија во еден ден.
„Бев многу возбудена што ги правам овие сцени, каде што можеме да покажеме жена со темна кожа и нејзиното тело и да не бидам толку табу за тоа“, рече Ешли за секс-сцените со Џонатан Бејли во интервју за „Пипл“.
„Бев многу самоуверена,“ рече таа во ексклузивното интервју пред почетокот на серијата.
„Се чувствував многу сигурно. Бев возбудена што ги правам овие сцени, каде што можеме да покажеме жена со темна кожа и нејзиното тело и да не бидеме толку табу во врска со тоа. Особено Индијка со темна кожа имајќи предвид дека Индијките понекогаш се претставени на конзервативен начин“.
Ешли ја почна кариерата во 2016 година во помали проекти, во кои играше епизодни улоги. Првата главна улога дојде во серијата „Сексуално образование“ (Sex Education) на „Нетфликс“, во која ја глуми Оливија Ханан.