Тирон Јајага ја презеде функцијата заменик-министер за одбрана

Новиот заменик-министер за одбрана Тирон Јајага денеска ја презема функцијата од неговиот претходник Башким Хасани, соопшти МО.

 Досегашниот заменик-министер Хасани на новопоставениот заменик-министер Јајага му посака успех во работата, укажувајќи дека одбраната е во процес на забрзани реформи и развој и дека овој процес е од исклучително значење за развојот на Армијата, нејзината опременост и мотивираноста на армиските припадници.

 Заменикот-министер Јајага се заблагодари за честитките и порача дека сето свое искуство и знаење ќе го стави во функција на реформите и развојот на одбраната.

 Тирон Јајага е магистер по меѓународно право со меѓународни односи на Универзитетот на Кент во Брисел, огранок на „University of Kent – Canterbury“, Велика Британија. Има четиринаесетгодишно работно искуство во јавниот сектор, од кои над 10 години минати на работни позиции во Министерството за одбрана, се вели во соопштението од МО.

Треба да знаете
Последни објави