Денеска во ЗОО Скопје го одбележавме Меѓународниот ден на дивиот свет 🦁🐒🐢
На овој важен ден за зачувување на дивата флора и фауна и покревање на свеста во нашиот едукативен центар се одржа едукативно предавање со херпатологот Драган Арсовски од М.Е.Д на тема загрозени видови и како да помогнеме за зачувување на дивиот двет. Наши гости беа дечињата од основните училишта „Христијан Тодоровски Карпош” и „Вера Циривири Трена” кои потоа низ едукативна прошетка низ зоолошката се запознаа со сите наши животни кои се наоѓаат на CITES листата на загрозени видови.
Настанот беше организиран во рамки на проектот финансиран од Европската Унија- „Подобрување на капацитетите за Натура 2000 и CITES” со поддршка на Министерството за животна средина и просторно планирање и Делегацијата на Европската Унија.Проектот го спроведува NIRAS од Полска во соработка со локалните партнери Фармахем и Македонско Еколошко друштво.
Оваа година се одбележува и 50-годишнината од Конвенцијата за меѓународна трговија со загрозени видови на дива фауна и флора- CITES.
Во Зоолошка градина Скопје живеат 31 загрозен вид од CITES меѓу кои се мајмуните, жирафите, рептилите, слоновите, грабливите птици, пингвините, големите мачки и папагалите.