Ким Кардашијан не му дозволува на партнерот Пит Дејвидсон да остане во нејзината куќа ноќе.
41-годишната реалити ѕвезда, која беше во брак со раперот Канје Вест од 2014 до 2021 година и со него има четири деца Норт(8), Сент (6), Чикаго (4) и Псалм, (2), моментално е во врска со ѕвездата на Saturday Night Live, комичарот Пит (28).
„Ким е луда по Пит. Тој сега го поминува поголемиот дел од своето време во Лос Анџелес. Полека ги запознава нејзините деца. Сепак, Ким не брза. Тој не ја поминува ноќта во нејзината куќа бидејќи Ким сака тоа да биде удобна ситуација за секого,“ изјави извор близок до парот во интервју за „Пипл“.Многу е среќна со Пит. Нејзиното семејство, исто така, сака кога е тој во близина. Тој има многу убав однос кон неа, Сите сакаат да ја гледаат вака среќна.“