Една од најголемите светски фудбалски ѕвезди, Садио Мане поради повреда нема да биде дел од репрезентацијата на Сенегал на Светското првенство во Катар, пишува „Дејли Мејл“.
Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber
Се повреди на натпреварот на неговиот Баерн против Вердер Бремен, каде тимот од Минхен победи со 6:1. А потоа веднаш се појави сомнеж дека Мане ќе може да даде 100 отсто во Катар.
Лекарскиот тим направи додатни прегледи и беше утврдено дека Сане ќе мора да оди на операција поради која ќе пропушти период кој е и подолг од самото СП 2022.
Прво имаше информации дека нема да може да настапи на првиот натпревар, а потоа и на вториот, а сега и официјално беше објавено дека воопшто нема да може да игра за Сенегал.
Сенегалците на Мундијалот се во група со репрезентациите на Холандија, Еквадор и домаќинот Катар.