Во просториите на Министерството за здравство денеска Маја Манолева ја презеде функцијата заменик министер за здравство, информираше Министерството за здравство на својата веб страна.
– Д-р Маја Манолева ја презеде функцијата заменик министер за здравство од д-р Владимир Рендевски, кој ѝ посака успешна работа на д-р Манолева и продолжување на реформите во здравствениот систем, се вели во објавата на Министерството.