Јокиќ и Брансон најдобри во февруари во НБА лигата

Никола Јокиќ од Денвер е прогласен за најдобар играч изминатиот месец во Западната конференција во НБА лигата, додека признанието на Истокот го понесе кошаркарот на Њујорк, Џејлин Брансон.

Денвер во февруари имаше ефект од девет победи и два порази, а Јокиќ во просек постигнуваше 22.6 поени со 14.2 скокови и 10.2 асистенции по натпревар.

За најдобар играч во февруари во Источната конференција е избран Џејлин Брансон, кој со Њујорк забележа осум победи на десет натпревари.

Брансон во просек постигнуваше 27.3 поени, а имаше и шест асистенции по натпревар.

Треба да знаете
Последни објави