Владата и институциите предводени од СДСМ продолжуваат со реализација на мерките и политики што обезбедуваат зголемена енергетска ефикасност и поддршка за секое домаќинствo. Партнерскиот пристап во водењето на енергетските политики, од граѓаните за граѓаните е клучна вредност врз основа на која преку заедништво си помагаме да излеземе посилни од кризата, енергетски независни, истакна Дарио Николовски, член на Централен одбор на СДСМ.
Во 2023 година, нагласи тој, продолжува финансиската поддршка за домаќинствата за фотонапонски панели, сончеви термални колекторски системи, како и замена на ПВЦ или алуминиумски прозорци.
Преку овие инвестиции во обновливи извори, како што оцени, се овозможува граѓаните да ги задоволат потребите за струја, но и да имаат заштеда во време на криза.
„За сите три мерки се предвидени вкупно 70 милиони денари или 1,15 милиони евра и ќе се користат за надоместување на дел од трошоците за купени и вградени сончеви термални колекторски системи во домаќинствата до 30 %, но не повеќе од 15.000 денари по домаќинство, во вкупен износ од 15 милиони денари.
За надоместување на дел од трошоците за купени и вградени ПВЦ или алуминиумски прозорци во домаќинствата до 50 %, но не повеќе од 25.000 денари по домаќинство во вкупен износ од 25 милиони денари.
За надоместување на дел од трошоците за купување и инсталирање на фотонапонски електроцентрали за производство на електрична енергија до 6 kW за сопствена потрошувачка за домаќинствата, на градба на која има право на сопственост или користење, до 30%, но не повеќе од 80.000 денари по домаќинство во вкупен износ од 30 милиони денари“, рече тој.
Огласите за сите три мерки, како што објасни, ќе бидат објавени до крајот на март. Ги повикуваме сите кои ги исполнуваат условите, да аплицираат на време.
Ова, според Николовски, се пари директно насочени кон граѓаните, а не за жални врби и рајски паркови кои со парите на граѓаните сакаше Христијан Мицковски да ги гради.
„Покрај инвестициите во домашните капацитети за производство на струја и зголемување на енергетската независнот, Владата предводена од СДСМ им помага и на домќинствата да направат енергетска трансформација и на тој начин да заштедат на сметките за електрична енергија, рече Николовски.