Клаудија Лата имаше само 21 година, студентка, која се најде на списокот на жртвите од трагичната железничка несреќа во Темпи, несреќа која го втурна во жалост нејзиното семејство и цела Грција.
За трите дена на верниците од Православна вероисповед „чистиот понеделник“, ученичката отишла во Патра и се качила во возот за да се врати во своето училиште.
Нејзините родители, кои живеат во село близу Лариса, ја замолиле да помине и покрај нив да ги види.
„Застани да те видиме“, ѝ рекле родителите, меѓутоа, таа одбила, за побрзо да стигне до Солун.
Како што им објаснила, сакала да одмори неколку часа и да почне да се спрема за испит.
Клаудија Лата, семејството ја прогласи за исчезната. Таа беше патничка во вториот вагон од трагичната железничка несреќа во Грција. Семејството Лата, во Лариса, ја објави загубата на социјалните мрежи. Клаудија има двајца браќа и сестра.