Ченинг Тејтум го промовира својот нов филм „Изгубениот град“, во кој има незаборавно камео од Бред Пит, и откри дека сакал да има долга коса како таа на Пит во „Легендите за есента“.
Во новиот филм 41-годишниот Тејтум глуми модел од корицата на роман и оди во мисија да ја спаси киднапираната авторка на книгата (Сандра Булок).
Тејтум беше гостин во ток-шоуто „Елен“ во средата, каде што ја пофали Булок, а исто така и Пит.
Тејтум се познава лично со Булок, но ова било првпат да соработува со неа на филм. „Таа може да биде сè што би сакале да биде,“ рече Тејтум. „Исто и Пит е таков“.
А за претстојниот филм, тој рече: „Кога го снимавме ‘Изгубениот град’, им реков: имам едно барање, морам да носам перика на корицата на книгата и сакам да изгледам како Бред Пит во ‘Легендите за есента’. Можете ли да го направите тоа?“
Потоа Ченинг и Елен разговараа за новото продолжение на „Магичниот Мајк“. „Мора постојано да вежбам за да се вратам во форма“, рече актерот.