Фудбалерите на Холандија според возраста добија бројки

Селекторот на фудбалската репрезентација на Холандија, Луис ван Гал, според возраста им ги поделил бројките на ихрачите кои ќе играат на Светското првенство во Катар.

„Во нормални околности на таа тема зборувам за тоа со играчите, сега не го направив тоа. На играчите им дадов бројки кои одговараат на нивната возраст“, изјави Ван Гал.

Новинарите потоа на прес-конференцијата го прашаа дали е тоа некаква шега.

„Тоа не е шега, никогаш не се шегувам на прес-конференција, објаснувам зошто го направив тоа“, одговори Ван Гал, чиј тим ќе биде во групата А со домаќинот Катар, Сенегал и Еквадор.

На пример, дресот со бројот 1 го доби голманот Ремко Пасвер, но тоа не значи дека е пред Џастин Бијлов и Андрис Ноперт.

„Тоа е поврзано со годините, тоа е одговорот“, објасни Ван Гал.

Џереми Фримпонг и Чави Симонс се нови репрезентативци, па ги добија последните бројки – 25 и 26.

Ван Гал смета дека Холандија може да направи подобар резултат од 2014 година кога со него како селектор беше трета во светот.

„Мислам дека во тимот ги немаме најдобрите играчи во светот. Но, верувам во тимот и тактиката. Можеме далеку, а ни треба среќа. Сакам играчите да замислат дека сме светски шампиони. Ако можете да го замислите, истото можете да го направите на теренот. Имаме играчи кои одлично се вклопуваат во тактичкиот план“, заклучи Ван Гал.

Треба да знаете
Последни објави