Остин: Падот на Бахмут не  мора да значи дека Русите го смениле текот на борбата

 Министерот за одбрана на Соединетите Американски Држави Лојд Остин денеска изјави дека источниот украински град Бахмут има повеќе симболично отколку оперативно значење и не мора да значи дека Москва ја вратила иницијативата на бојното поле.

„Мислам дека тој (Бахмут) има повеќе симболична вредност отколку стратешка и оперативна вредност“, изјави Остин за време на неговата посета на Јордан, додавајќи дека нема да прогнозира дали и кога Бахмут ќе биде преземен од руските сили.

„Падот на Бахмут не  мора да значи дека Русите го смениле текот на борбата“, додаде американскиот министер. 

Треба да знаете
Последни објави