Платформа БПК- Соодветно и законито именување на високи службеници и директори од страна на Владата

Отворено писмо до Владата на Република Северна Македонија

Соодветно и законито именување на високи службеници и директори од страна на Владата
 

 Во врска со најавеното именување на раководители и заменици на повеќе јавни институции, установи и државни претпријатија, по новиот коалициски договор, Платформата на граѓански организации потсетува на програмската заложба на Владата на Република Северна Македонија за професионализација на јавната администрација.
 
Оттука, ја потсетуваме Владата дека при именувањето на професионалното раководно ниво во јавниот сектор, има должност да обезбеди конкурентна процедура, низ јавен оглас.
 
За таа цел, Владата мора да го напушти коалициското преговарање за професионалните позиции во јавниот сектор.
 
На патот кон Европската Унија, Владата има обврска пред граѓаните да ги избере најдобрите раководители, за да овозможи институции кои ќе им обезбедат квалитетни услуги.
 
 Граѓаните ги заслужуваат најквалификуваните кадри.


Писмото е достапно на: Отворено писмо до Владата на Република Северна Македонија
 
 Со почит:
 Платформа за граѓански
организации за борба против корупцијата

Треба да знаете
Последни објави