– Освојувачот на 20 Гренд-слем титули, Роџер Федерер, постигна уште еден извонреден рекорд, без да мора да се појави на теренот.
Оваа недела е 1.020-тата, во која Федерер ќе биде во топ 100 на светската ранг-листа. Досега, тој го делеше првото место поовој показател со легендата Андре Агаси, кој има 1.019 на своја сметка.
Федерер првпат влезе во најдобрите 100 во септември 1999 и оттогаш ги напушти само еднаш – во октомври истата година, кога падна на 104 место.
Во мај 2002 година, тој се проби во првите 10 по неговата титула во Хамбург, кога имаше 20 години. За прв пат Федерер стигна до врвот на светската АТП листа по неговиот триумф на Австралија Опен во 2004 година.
Оваа недела, Федерер е четврти на табелата, апред него се само Александар Зверев, Рафаел Надал и лидерот Новак Ѓоковиќ.