Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека Северна Кореја промовира нестабилност, откако Пјонгјанг објави дека успешно тестирала хиперсонична ракета.
– Загрижени сме поради овие повеќекратни прекршувања на резолуциите на Советот за безбедност на ОН кои промовираат нестабилност и несигурност, рече Блинкен.
Тој додаде САД засега не можат да потврдат дали ракетата што ја тестираше Северна Кореја е навистина хиперсонична, што би претставувало голем технолошки напредок на Пјонгјанг.
Хиперсоничните ракети можат да достигнат брзина пет пати поголема од брзината на звукот.
Претходн, севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ја отфрли американската понуда за дијалог, обвинувајќи го претседателот Џо Бајден дека продолжува со „непријателските дејствија” на неговите претходници, што Вашингтон веднаш го негираше.