Министерот за здравство на Косово поднесува оставка поради учество на локалните избори

Министерот за здравство на Косово, Арбен Витиа денеска ќе поднесе оставка на функцијата, поради учество на локалните избори како кандидат за градоначалник на косовската престолнинаИнформацијата за косовските медиуми ја потврдија извори од Владата на Албин Курти, најавувајќи ја прес-конференцијата на која Витиа ќе ја објави оставката.

Витиа е кандидат за градоначалник на Приштина од редовите на владејачката партија Движење самоопределување, која ја предводи премиерот Курти.

Локалните избори во Косово ќе се одржат на 17 октомври, истиот ден како и оние во Северна Македонија.

Вршителка на должноста министер, до изборот на новиот челник на секторот здравство, ќе биде актуелната заменичка-министер, Дафина Геџа-Буњаку. 

Треба да знаете
Последни објави