Ректорот на Софискиот универзитет, Анастас Герџиков, по започнувањето на учебната година, рече дека ја прифатил поканата на иницијативниот комитет да се кандидира за претседател на Бугарија на претстојните претседателски избори на 14 ноември.
Герџиков за неколку дена ќе објави кој ќе биде кандидат за потпретседател. Тој рече дека ќе побара поддршка за време на неговата изборна кампања претежно од десничарските и десноцентристичките партии во Бугарија.
Герџиков најави дека може да биде корисен во отелотворување на единството на бугарската нација и да работи за обединување на сите партии и на сите Бугари.
Професорот Герџиков рече дека ќе одговори на сите прашања во врска со неговата кандидатура кога ќе ја објави иницијативниот комитет.
Тој го коментираше и случајот на Петар Илиев, кој беше кандидат на партијата на Слави Трифонов – „Има таков народ” за вицепремиер и министер за правда поради плагијат на делови во неговата книга од неговиот колега и рече дека случајот со увидот на Софискиот универзитет „Свети Климент Охридски” не е завршен и кога ќе заврши, ќе се преземат соодветни дејствија.
Герџиков додаде дека не само тој како ректор, туку и деканот на Правниот факултет, не знаел за Петар Илиев.
Денеска беше отворена 134 -та академска година на Софискиот универзитет „Свети Климент Охридски”. Од вкупниот број студенти на Универзитетот шест отсто се од странство и соседните земји на Бугарија.