Шилегов: Во Скопје сите населби се подеднакво важни

Скопјани и скопјанки ќе одберат развој и континуитет на нашиот град, затоа што луѓето се над политиката. Скопје е над политиката. Во Скопје сите сме подеднакво важни, без оглед од кое негово место доаѓаме, и во периферијата и во центарот, порача денеска кандидатот за градоначалник на СДСМ за Град Скопје Петре Шилегов.

Шилегов заедно со кандидатот на СДСМ за градоначалник на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски извршија увид во градежните активности на булеварот „Борис Трајковски” кон Драчево. Скопскиот градоначалник информира дека се работи на пробивање на остатокот од булеварот „Борис Трајковски” од Пинтија до Драчево и додаде дека на овие 2 или 2,5 километри веќе е завршената целата постапка и се одвиваат градежните активности. – Овој потег завршува кај мостот кај Драчево, со голем кружен тек со цел да се олесни движењето и на нашите сограѓани од Батинци и Сопиште, рече Шилегов.
Во изминативе четири години Градот се развива рамномерно во сите негови негови правци. Во овој момент се одвиваат градежни активности и на улицата „Лука Геров” во Општина Ѓорче Петров, а се имплементира и „Бас рапид транзитот” кој ќе овозможи развој и во центарот со најголема пешачка зона во Европа, од стара железничка станица до Бит-пазар и од Собранието до „Палома бјанка” при што ќе го зачуваме дрворедот и нема да ја прошируваме улицата „Даме Груев”. Центарот на Скопје го правиме и ќе го направиме модерен и еколошки прифатлив, а во исто време овозможуваме развој и на периферните општини, изјави Шилегов, додавајќи дека во изминатите четири години работеле на подобрување на условите за живот на граѓаните.
Темелковски нагласи дека изминатите четири години Кисела Вода покажала дека заедно со централната власт и со Градот Скопје работи на клучните проекти за полесно движење на граѓаните и подигнување на квалитетот на живот во главниот град и во Општината.

 

Треба да знаете
Последни објави