На наше огромно задоволство денеска бевме домаќини на почитуваната американската амбасадорка Кејт Брнз , придружувана од нејзиниот сопруг Капетан Лери Скот Гејџ.
Директорката на ЈП „Лајка“ Тина Петрушевска ја запозна американската амбасадорката Кејт Брнз со тековните активности како и со долгорочната мисија на претпријатието, кое се грижи за благосостојбата на бездомните кучиња на територија на град Скопје.
Во рамките на посетата, амбасадорката ја посети ветеринарната служба на прифатилиштето каде се спроведува хуманиот третман, а исто така во паркот за миленици имаше одлична дружба со дел од кучињата кои се подготвени за вдомување.