Непознати вандали ноќеска ги оштетиле бистите на поетите Славко Јаневски и Анте Поповски во Алејата на писателите во Струга, а бронзената биста на Поповски ја откорнале од постаментот и ја фрлиле во Охридското Езеро, пишува СДК.мк.
Денеска е 18-годишнина од смртта на Поповски, еден од нашите најзначајни поети, кој почина во 2003 година.
Оштетување има и на спомен-обележјето на Јаневски, а неговата биста биле превртена наопаку.
Од полицијата велат дека работат на откривање на сторителите и мотивите за вандалскиот чин.
„Настанот е пријавен, полициски екипи веднаш излегоа на терен да извршат увид на местото каде е извршено оштетувањето“, вели портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Директорот на поетската манифестација Струшки вечери на поезијата (СВП), Тодорче Тасевски, го осуди вандализирањето на бистите на македонските поети. Тој кажа дека излегле веднаш на терен за да ги извадат бистите од Езеро и да ги вратат на нивните постаменти.
„Жалиме што ова не е единствен инцидент, се случувало и претходно и уште еднаш апелираме да престанат ваквите вандалски чинови“, вели Тасевски, кој апелира до целата македонска јавност да се почитуваат придобивките на нашата поетска традиција.