Албанскиот премиер Еди Рама за време на посетата на Абу Даби остварил средба со високиот претставник на ЕУ за надворешни работи Жозеф Борел.
На објава на Фејсбук, шефот на албанската влада наведува дека разговарал со Борел за самитот што следната недела ќе се одржи меѓу ЕУ и Западен Балкан, ситуацијата во регионот, како и „отворениот конфликт меѓу Бугарија и Северна Македонија” што, според него ја држи како заложник неговата земја.
-Средба со Жозеп Борел, главен дипломат и посредник на ЕУ во разговорите Косово-Србија, со кого разговаравме за Самитот ЕУ-Западен Балкан следната недела, ситуацијата во регионот, како и отворениот конфликт на Бугарија со Северна Македонија, каде како заложник е земена Албанија, пишува Рама.
Премиерот Рама е во официјална посета на Абу Даби, каде, како почесен гостин ќе присуствува на World Policy Conference.
„Абу Даби – почесен гостин на World Policy Conference, напиша Рама на Фејсбук објавувајќи фотографии од приемот во главниот град на Обединетите Арапски Емирати.