Електронскиот попис, покажа дека во секоја земја во Африка живее барем еден Македонец.
Над 200 македонски државјани живеат во Африка. По држави, во Мали има 43, во Египет – 23, во Гана – 16, во Судан – 15, во Танзанија – 6, во Нигер – 2. Двајца Македонци живеат во Либиска Арапска Џамахирија, тројца во Јужен Судан, шестмина во Танзанија, двајца во Нигер, 16 во Палестина.
Во над 170 држави во светот живеат Македонци. Пописот даде податоци каде се мигрирале македонските граѓани. Но, се претпоставува дека има и иселеници кои не се самопопишале, односно бројот на иселени е поголем. По 20 години, Македонија направи попис на населението, а најдоцна за 6 месеци ќе имаме податоци.