Претседателот на СДСМ денес го посети и Пехчево каде што разговараше со граѓаните и присуствуваше на промоцијата на кандидатот за град Пехчево – Славчо Пандурски и кандидатите за листата за советници.
Пред граѓаните претседателот Заев ги потенцираше успесите на владата предводена од СДСМ и рече: „Нашите кандидати за градоначалници и советници се понуда за модерните развојни текови, нивната се излитени кадри кои биле дел од централната или локалната власт во времето на режимот на Груевски. Ние градиме темелно, тие со промашени проекти. Ние планираме капитални проекти за долгорочен развој, тие мачкаат очи со стиропорни фасади кои се распаѓаат.”
„Нашите кандидати за градоначалници и советници се понуда за модерните развојни текови, нивната се излитени кадри кои биле дел од централната или локалната власт во времето на режимот на Груевски.” додаде Заев.
Кандидатот за градоначалник Славчо Пандурски се обврза пред граѓаните дека ќе инсистира на враќање на младите во овој крај од Северна Македонија кој ги нуди сите потенцијали за развој посебно затоа што со новите инфраструктурни проекти кои се планирани Пехчево ќе биде могу поповрзано и урбанизирано и ќе биде вистинска општина на 21 век. Меѓу проектите кои се предвидени за Пехчево се и реконструкција на локалниот пат Робово – Умлена – Чифлик, регулација на дел од речното корито на Пехчевска река, реконструкција на патот Пехчево – Рaвнa река, уредување на просторот пред градскиот стадион и градските гробишта.
Претседателот Заев во Пехчево ја посети и фабриката „Фагус”, која е една од најуспешните компании во овој регион и е редок пример кој во периодот на најголемата криза со Корона вирусот не отпушти ниту еден работник и успешно го преброди кризниот период.