Венко Андоновски: Максим Димитриевски победи уште пред да почне трката за градоначалник

Македонскиот писател, раскажувач, романописец, есеист, критичар и книжовен теоретичар Венко Андоновски, во видео обраќање ја изрази својата поддршка за независната кандидатура за градоначалник на Максим Димитриевски за Општина Куманово и ги повика граѓаните да ја поддржат граѓанската иницијатива „За Наше Куманово“.

„Сакам да ви кажам дека многу се израдував кога ја слушнав веста дека вашиот актуелен градоначалник Максим Димитриевски се кандидира како независен кандидат. Се израдував затоа што сум човек којшто високо ја цени личноста и којшто од искуство знае дека личностите им даваат авторитет на институциите и системите, а не системите на личностите. Максим со самата таа кандидатура веќе победи пред да почне трката за градоначалник. Јас му напишав едно писмо во кое му честитам за таа храброст. Мислам дека личноста е централна категорија на нашето живеење и дека нашата државна независност е незамислива без силни личности. Ако се бориме за независна држава, ако имаме независни медиуми, ако бараме независни личности/мислители, тогаш е сосем нормално да имаме и независен кандидат за градоначалник. Затоа ве повикувам да ја поддржите граѓанската иницијатива „За Наше Куманово“, потенцира Андоновски.

Треба да знаете
Последни објави