Искусниот дефанзивец на Барселона, Жерард Пике по вчерашниот пораз од Атлетико Мадрид од 2:0 на гостински терен сосема реално ги искоментира работите и рече дека во моментов тимот страда. Рече дека ситуацијата е лоша и дека на вчерашниот меч тимот едноставно не гирал добро.
„Можевме да играме уште три часа и сепак да не постигнеме гол. Ситуацијата е комплицирана и ние страдаме. Морам да бидам искрен. Не зборуваме за еден проблем, туку за многу. Како и да е, мислам дека ќе успееме да застанеме на нозе. Сега сме во тежок период со каков што не сме се соочиле. Но, атмосферата во тимот е одлична и сакаме да ја надминеме кризата “, рече Пике па искометира и околу евентуалната смена на тренерот на Барселона, Роналд Куман.
„Лапорта и Куман? Играчите не можат да се мешаат во нивните односи. Наша работа е да дадеме се од себе на теренот “, додаде ветеранот.