Душко Весковски со екипа на Водовод на Виз Ер Скопски Маратон

Кандидатот за градоначалник на општина Карпош, Душко Весковски денес заедно со тимот – колеги од  ЈП Водовод и канализација – Скопје, трчаше на Виз Ер Скопски Маратон.

„Поддршката и учеството на спортски манифестации, како и присуството на многу спортисти и млади лица на истите, само ни потврдува дека сме на вистинскиот пат во однос на нашите планирани активности и проекти поврзани со спортот во нашата предизборна програма за општина Карпош. Карпош ФИТ – младинската програма и зголемувањето на спортските активности во училиштата за децата се само дел од сето тоа што ќе биде реализирано. Маратонот го истрчавме, продолжуваме да трчаме за најдоброто за Карпош.  Спортски поздрав! – истакна Душко Весковски, кандидат за градоначалник на општина Карпош.

Членовите на тимот на ЈП Водовод и канализација – Скопје оваа година учествуваат во три дисциплини на Виз Ер Скопски Маратон  – трка 5км, 21км и штафета.

-Со позитивна енергија, силна волја и добра кондиција го истрчавме и овогодинешниот Скопски Маратон и покажавме уште еднаш дека сме екипа која е подготвена за секој предизвик. Навистина сум среќен и со позитивни импресии од денешната дружба. Спортски поздрав, посочи Весковски.

Треба да знаете
Последни објави