По повод 4-ти октомври, СВЕТСКИОТ ДЕН НА ЖИВОТНИТЕ, прифатилиштето на ЈП Лајка ги поканува љубителите на кучиња на отворен Coffee & Cake ден од 11:00 до 15:00 часот.
Овој ден да им посветиме особено внимание на бездомните кучиња згрижени во нашето прифатилиште. Сите кои ќе дојдат ќе имаат можност да се едуцираат од нашиот ветеринарен тим, да ги прошетаат кучињата кои се подготвени за вдомување, да излезат на терен со нашиот заловувачки тим и одблиску да се запознаат со нашата работа или да помогнат при капење и чешлање на кучињата.
Преку зголемување на јавната свест и едукација, се трудиме да изградиме култура за хуман третман и вдомување на бездомните кучиња, а со нашите заложби за правни реформи и социјален напредок да го направиме нашиот град прекрасно место за сите живи суштества.
Обележувањето на Светскиот ден на животните ги обединува движењата за благосостојба на животните во глобална смисла со цел да го направи светот подобро место за сите животни.
Секој од нас може да направи разлика, а заедно да направиме промена