Демаскирани обидите на Костовски да ги манипулира граѓаните на Општина Бутел

Демаскирани беа сите обиди на кандидатот на опозициската ВМРО ДПМНЕ, Дарко Костовски, да ги манипулира граѓаните на вчерашната дебата за градоначалник на Бутел, со кандидатот на СДСМ и актуелен градоначалник на оваа скопска општина, Велимир Смилевски.
При настапот на ТВ Клан, Костовски многу нервозно и со неприкладен речник, недозволив за некој кој се претставува за политичар, се обиде да подметне лаги поврзани со резултатите од четиригодишниот мандат на Смилевски.
Во образложувањето на остварувањата во инфраструктурните проекти и развојот на Бутел, градоначалникот Смилевски посочи дека пред неговото доаѓање на функција, тогашните општински власти, предводени токму од функционери на ВМРО ДПМНЕ, чиј дел е и Костовски, воопшто не мислеле на развојот на Бутел и не носеле соодветни Детални урбанистички планови, га манипулирале бутелчани.
“Некому очигледно му пречи што Бутел забрзано се модернизира и што е општина со голем економски раст. Најнапред, моравме да ги поставиме работите на нозе, затоа што ВМРО ДПМНЕ тоа не го стори 12 години по ред. Тие вкупно изработија осум ДУП-ови за тој период, а ние донесовме осум ДУП-ови и 21 во фаза на разгледување. Да им ветувате на граѓаните дека ќе направите поликлиника, а да не им кажете дека таа прво треба да се впише и соодветно да се планира, како и да се обезбедат средства за тоа, е класична лага и манипулација!”, рече Смилевски
Во изминатиот период, вели актуелниот градоначалник и кандидат за Бутел, остварени се над 250 проекти, пред сè, од инфраструктурен карактер, потоа во образованието, во локалниот економски развој и во секоја сфера од животно значење за секој бутелчанец.
“На манипулациите и лагите, ние спротивставуваме резултати и вистина! Продолжуваме со активностите на сите граѓани на Бутел да им ја доближиме нашата програма и нашата визија за развој на Бутел и во следниот четиригодишен период”, истакна Смилевски.
Треба да знаете
Последни објави