Европските влади мора да го забранат рекламирањето на нафта и гас од производителите, бидејќи нивните производи се штетни како цигарите и тутунот, апелираат еколошките групи предводени од „Гринпис“.
„Европската Унија веќе воведе директива со која се забранува рекламирањето на производите од тутун. Време е да се усвои слична директива за секторот за фосилни горива со цел да се заштити здравјето на планетата и нашата иднина“, се вели во соопштението на „Гринпис“ објавено пред климатскиот самит на Обединетите нации.
Иницијативата е поддржана од преку 20 еколошки здруженија.