Шведскиот фудбалски интеранционалец со потекло од БиХ, Златан Ибрахимовиќ вчера во Милано го прослави својот 40. роденден. Ибра-гол и покрај четирите децении од животот е активен на фудбалските терени, ги брани боите на италијанскиот калчолигаш Милан.
Фудбалерот со богата играчка кариера за роденден одлучил да се почести со специјален подарок автомобил „Ферари“ вредно 450.000 евра. Златан на социјалните мрежи се пофали дека си купил Ферари СФ90 Страдале кое е произведено во само 499 примероци.
Во негов стил, на твитер-објвата каде ја објави фотографијата, си честита и самиот себе испишувајќи „Среќен роденден Златан“.
СФ90 Страдале е првиот плаг-ин хибриден Ферари кој го покренува четирилитарски В8 твин-турбо мотор потпомогнат со три електромотори. Интересно е што Ибрахимовиќ и за 38. и 39. роденден исто така се почести со скапоцени автомобили.
Пред две години си купи Ферари Монца СП2, а минатата година се почести со Порше 911 Тарга.